Ковид-19

55 нови случаи на Ковид-19

09.06.2022 14:24

Во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар – 3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1...

Во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар – 3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица, информираат од Министерството за здравство.