Ердоган на воени вежби во Измир
Турција нема да се откаже од своите права во Егејско море и нема да се двоуми да ги искористи своите овластувања кои произлегуваат од меѓународните договори-изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган, присуствувајќи на воената вежба „Eфес-2022“ што се одржа во западната провинција Измир...

Турција нема да се откаже од своите права во Егејско море и нема да се двоуми да ги искористи своите овластувања кои произлегуваат од меѓународните договори-изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган, присуствувајќи на воената вежба „Eфес-2022“ што се одржа во западната провинција Измир.
Грција треба да престане да ги вооружува островите со невоен статус и да се придржува до договорите, нагласи Ердоган. Турција и Грција се во несогласувања околу голем број прашања.
По петгодишниот прекин и продолжување на преговорите лани, двете земји повторно ги разгореа тензиите минатата недела.
