Бенет на средба за иранската нуклеарна програма
Израелскиот премиер Нафтали Бенет во ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, откако напорите да се спаси договорот за иранската нуклеарна програма беа блокирани...

Израелскиот премиер Нафтали Бенет во ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, откако напорите да се спаси договорот за иранската нуклеарна програма беа блокирани поради продлабочувањето на судирот со Техеран.
Земјите, на состанокот на МААЕ во Виена, го осудија Иран поради неговата транспарентност за нуклеарните активности на три непријавени локации во земјата.
транспарентност за нуклеарните активности на три непријавени локации во земјата.
„И честитам на меѓународната агенција за атомска енергија за одлуката во која јасно се вели дека Иран продолжува да игра, да се крие и прикрива. Го гледаме правилниот став на земјите во светот во правењето разлика меѓу доброто и злото, и нема да се откажеме по ова прашање“, изјави Нафтали Бенет, премиер на Израел.
На состанокот, МААЕ соопшти дека Иран планира да го засили збогатувањето ураниум, со инсталирање напредни центрифуги.
