Европски суд
Британците без глас во државите-членки на ЕУ
09.06.2022 14:51
Европскиот суд на правдата реши, британските граѓани кои живеат во ЕУ немаат право да гласаат или да се кандидираат на општинските избори во земјата-членка на живеење, освен ако не добијат европско државјанство...

Европскиот суд на правдата реши, британските граѓани кои живеат во ЕУ немаат право да гласаат или да се кандидираат на општинските избори во земјата-членка на живеење, освен ако не добијат европско државјанство.
Тоа е последица на суверената одлука на Обединетото Кралство да се повлече од Унијата, соопшти судот.
Според податоците, над милион Британци живеат во држави-членки на ЕУ.
