Теaтар

„Народен непријател“ на МНТ најдобра на „Војдан Чернодрински“

09.06.2022 15:03

„Народен непријател“ на МНТ е најдобра претстава на 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој завршува вечер во Прилеп. Вечер ќе бидат доделени наградите и во чест на наградените, театар „Комедија“ ќе ја изведе претставата „Боливуд“.

Претставата „Народен непријател“ на МНТ е најдобра на годинашниов 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.  Ги има сите елементи со јасен режисерски концепт и со актуелност на текстот како да е пишуван за денешни состојби.

Претставата „Народен непријател“ доби уште три награди меѓу кои и за Никола Ристаноски за најдобра машка улога. Најдобра женска улога оствари Бедија Беговска во „Вишновата градина“ на турскиот театар, а најдобра е режијата на Кедрим Ријани за битолската претстава „Артуро Уи“.

На фестивалот публиката виде 11 претстави, од кои 8 во конкуренција и промоции. Театарот покажа жилавост во еден од најтешките периоди за живеењето-пандемијата.

Со доделувањето на наградите и со претставата „Боливуд“ на театар Комедија, во чест на наградените завршува МТФ „Војдан Чернодрински“.

Елизабета Митреска