Екологија

Државниот инспекторат за животна средина го задолжи „Пејпер мил“ да користи гас

09.06.2022 15:08

„Пејпер мил“ да користи природен гас како енергенс сè до решавањето на проблемот со издувните гасови кога користи сончогледови пелети – одлучи Државниот инспекторат за животна средина. Активистите со надеж дека со ова ќе се реши долгогодишниот еколошки проблем на кочанчани...

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор во фабриката за рециклирање на хартија “Пејпер мил“. Ја задолжи компанијата да го прилагоди работењето според нормите на А -интегрираната дозвола и во рок од 15 дена да се преориентира кон природен гас како енергенс. На одлуката претходеа три мерења на испусните гасови кои покажале вредности на јаглерод моноксид значително повисоки од дозволените.

Инспекторатот го задолжи „Пејпер мил“ да употребува природен гас сè до моментот на решавање на проблемот поради кој имало надминување на пропишаните гранични вредности при употреба на сончогледови пелети. Граѓаните велат сега не се чувствува загаденост, но не се уверени дека така и ќе остане.

Најголемата фабрика за рециклирање на хартија во државата со години е посочувана како еден од најголемите загадувачи во Кочани, а граѓанските здруженија во неколку наврати организираа мирни протести.

 

Славица Величковска