Македонија

Нова јавна расправа за тарифниот модел

09.06.2022 16:59

Продолжува сесијата дебати за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Предвидени се четири блокови. Оние кои трошат повеќе струја, ќе плаќаат повеќе..

Новиот предлог-тарифен систем за универзалниот снабдувач презентиран на нова јавна расправа. За првпат е предвидено да се воведат поделена цена за енергија и за мрежарина и блок тарифи.

Имплементацијата на проектот ќе обезбеди придобивки за електроенергетскиот сектор, констатирано на јавната расправа.

Ова е втора ваква јавна расправа, а доколку има потреба ќе одржиме и нова, изјави првиот човек на регулаторната комисија за енергетика.

Главната цел на воведувањето блок тарифи е да се рационализира употребата на електричната енергија, во време кога поскапувањата на струјата се неизбежни. Оние коишто трошат повеќе, ќе плаќаат повеќе.

 

Марија Котовска