Македонија
Алабаковски пуштен во домашен притвор
09.06.2022 18:55
Пејачот попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде што ќе ја издржува мерката...

Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор. По поднесена жалба од одбраната, Советот на Битолскиот кривичен суд ја преиначи првичната одлука.
Пејачот попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде што ќе ја издржува мерката.
34 годишниот Алабаковски е осомничен за подметнување на пожарот во Културниот центар „Иван Михајлов“ што се случи во саботата утрото, кога изгоре влезната врата од објектот.
