Кошарка

Бајиќ го објави списокот за завршницата од квалификациите за СП

09.06.2022 19:59

На списокот со 24-ца кошаркари е и Марко Миловановиќ од Ју Ви Кремона, повик ќе добие и Ненад Димитријевиќ од Валенсија, како и Андреј Јакимовски од Вашингтон, Тедор Симиќ од Барселона и Џејкоб Вајли кој настапува во Јапонија. Другите се од домашното првенство...

Со синот на Врбица Стефанов, 17-годишниот Рубин од Канту, и без стандардниот Дамјан Стојановски, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ќе се подготвува за последните два натпревара во мундијалските квалификации.

На списокот со 24-ца кошаркари е и Марко Миловановиќ од Ју Ви Кремона, повик ќе добие и Ненад Димитријевиќ од Валенсија, како и Андреј Јакимовски од Вашингтон, Тедор Симиќ од Барселона и Џејкоб Вајли кој настапува во Јапонија. Другите се од домашното првенство.

На 1-ви јуни Македонија ќе игра со светскиот првак Шпанија во Сарагоса, а на 4-ти со Украина во Скопје. Досега ги загубивме сите четири средби.