Фудбал

Македонските фудбалери против Грузија бараат пробив на врвот

09.06.2022 20:03

Во Скопје денеска гостува Грузија, а тоа значи дека неодминливи се сеќавањата на нашата голема победа во Тбилиси во ноември 2020-тата вредна пласман на Европското првенство. Сега трката е за првото место во групата, а со тоа и за продолжена надеж за место на следниот континетален собир...

Кога на менито се големи победи против репрезентации од рангот на Германија и Италија, фавритскиот статус им прилега на македонските фудбалери во УЕФА Лигата на нации. Во Скопје денеска гостува Грузија, а тоа значи дека неодминливи се сеќавањата на нашата голема победа во Тбилиси во ноември 2020-тата вредна пласман на Европското првенство. Сега трката е за првото место во групата, а со тоа и за продолжена надеж за место на следниот континетален собир.

„Секако дека има разлика, нов селектор, нова филозофија, мислам дека и начинот на којшто играат е сосема поинаков отколку на тој бараж со нас. Не гледам некоја поврзаност ниту меѓу натпреварот што го одиграа со Бугарија и претходните против нас“ вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Во групата 4 од сегментот „Це“ во Лигата на нации, Грузија е прва со максимални шест бода, Македонија има четири, Бугарија еден, а Грузија ниту еден. Почетниот судиски свиреж на арената „Тодор Проески“ е од 20 часот и 45 минути.