Заврши теренската вежба „македонски блесок 10“
На армискиот полигон „Криволак“ денеска беше затворена теренската воена вежба „Македонски Блесок-10” .

Како што соопшти Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ денеска заврши НАТО оценувањето Ниво-2 на Средната Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) и НАТО оценување Ниво-2 на Лесната маневарска болница (ЛМБ), согласно Концептот за оперативни способности.
Вежбата ја затвори началникот на штабот на Здружена оперативна команда, бригаден генерал Стојан Димчов кој ги истакна можностите за изведување на колективна обука кои придонесоа во јакнењето на борбената готовност на единиците и за усовршување на штабните процеси во операциите предводени од НАТО водените операции. На учесниците на вежбата им честита за покажаниот професионализам во текот на извршувањето на задачите и им посака безбедно враќање во единиците.
Командантите на декларираните единици (СПБГ и ЛМБ), согласно концептот за оперативни способности, добија првична официјална оценка за своите единици од НАТО оценувачи и национален тим за оценување составен од искусни и сертифицирани оценувачи.
