Бостон го одбрани домашниот паркет и води со 2-1
Бостон го зголеми видикот кон 18-тиот шампионски пехар во НБА лигата. Во третиот натпревар од финалната серија, Селтикс се радуваа дома против Голден Стејт со 116-100 и водат со 2-1..

Бостон го зголеми видикот кон 18-тиот шампионски пехар во НБА лигата. Во третиот натпревар од финалната серија, Селтикс се радуваа дома против Голден Стејт со 116-100 и водат со 2-1.
Браун со 27, Тејтум со 26 и Смарт со 24 поени го торпедираа кошот на Голден Стејт кој ќе има уште една главоболка поради повредата на Стеф Кари.
Најефикасниот кошаркар на ноќешниот дуел во Ти-Ди гарден го напушти паркетот на две минути до крајот кога веќе беше јасно дека Бостон чекори кон успех, а иако првичните проценки се дека се ќе биде во ред, останува неизвесноста за здравствената состојба на првата ѕвезда на шесткратниот првак.
Ноќеска Кари даде 31, а Томпсон имаше 25 поени за Голден Стејт, кој ќе гостува и на наредниот меч.
