Бектеши: Подготвуваме нови мерки за намалување на цените на основните прехранбени производи
Разгледуваме мерки, во консултација со бизнис секторот. Се размислува за мерка со која на производителите на основни прехранбени производи или на увозниците на овие производи ќе им се намалат одредени трошоци. Ние ќе ги земеме во предвид сите трошоци кои ги имаат производителите и ќе направиме анализа да се укинат одредени давачки кои влијаат на дополнително на крајните цени..

Разгледуваме мерки, во консултација со бизнис секторот. Се размислува за мерка со која на производителите на основни прехранбени производи или на увозниците на овие производи ќе им се намалат одредени трошоци. Ние ќе ги земеме во предвид сите трошоци кои ги имаат производителите и ќе направиме анализа да се укинат одредени давачки кои влијаат на дополнително на крајните цени. Овие трошоци учествуваат со 25% во крајната цена на производите, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во телевизиска емисија.
„Сите тие производи или 80% од овие производи кои беа во првичната одлука ќе донесеме за нив мерка во делот на трговијата и начинот на вршење на трговија со тие производи почнувајќи од увозот ако одреден производ не се епроизведува во Северна Македонија, од влезните фактури од трошоците што ги има. Ако една компанија произведува само еден производ секако дека има за тој производ поголеми оперативни трошоци, ако има поголема гама на производи треба да ги распредели трошоците на сите производи. А за тие производители кои ги произведуваат овие производи за нив ќе има различна мерка каде ќе се земат во предвид импутите кои ги имаат, кога велам импутот мислам на берзанските цени кои се на сончоглед на пченица или на други суровини, согласно тие анализи тие ја утврдуваат цената, а ние имаме можност како Министерство за економија и како Влада да укинеме одредени трошоци кои во моментот ги имаат“ кажа Бектеши.
Министерот потенцираше дека изминатите неколку денови преку интензивна консултација со сите засегнати страни, со трговците на големо и мало, со производителите на основните прехранбени производи, како и со сите надлежни институции во делот на контрола на пазарот се разгледуваа сите фактори кои влијаат на зголемување на цените на основните прехранбени производи и кои се очекувањата за наредниот период.
Министерот Бкетеши информираше дека има предлог од Стопанската комора на Македонија во делот на ограничување на профитните маржи кај основните прехранбени производи во рамка од 5% до 10%.
Според министерот во отворена пазарна економија било какви мерки кои владата ги воведува за контрола на зголемувањето на цените, можат да имаат само привремен карактер.
