САД

Трамп обвинет за обид за државен удар

10.06.2022 09:02

По речиси една година истрага, Комитетот избран од Претставничкиот дом вчера го одржа првото од предвидените шест сослушувања овој месец..

Доналд Трамп раководел со минатогодишниот напад на Капитол во обид за државен удар, беше соопштено на сослушувањето во Конгресот.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во конгресот на 6-ти јануари 2021, кога требаше да се потврди изборната победа на Џо Бајден.

По речиси една година истрага, Комитетот избран од Претставничкиот дом вчера го одржа првото од предвидените шест сослушувања овој месец.

Четири лица загинаа во нападот, вклучувајќи жена која беше застрелана од полицаец. Беа повредени над 100 полицајци, а четворица подоцна извршија самоубиство.