Франција

Утре парламентарни избори во Франција

10.06.2022 09:04

Изборите за 577 места во Долниот дом на Националното собрание се одржуваат во два круга, а изгледот на новиот Парламент ќе биде јасен дури по вториот круг, една недела подоцна, на 19 јуни...

Французите утре гласаат на парламентарни избори на кои сојузниците на претседателот Макрон сакаат да го задржат мнозинството, но се повеќе се загрозени од новата левичарска коалиција.

Изборите за 577 места во Долниот дом на Националното собрание се одржуваат во два круга, а изгледот на новиот Парламент ќе биде јасен дури по вториот круг, една недела подоцна, на 19 јуни.

Изборите ќе ги заокружат претседателските избори во април на кои Макрон беше реизбран ветувајќи нова ренесанса бидејќи неговиот прв мандат беше обележан со протести, пандемијата на Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.