Кримскиот устав денес стапува во сила
12.04.2014 13:03
Уставот на Крим, кој вчера едногласно беше усвоен од кримскиот Државен совет, денеска стапи во сила, јави ИТАР ТАСС.

Уставот е објавен во весникот „Кримские известија“ и од денеска стапи во законска сила, соопшти Државниот совет.
Според претседателот на советот Владимир Константинов, со Уставот Крим станал рамноправен субјект на Руската федерација.
