Прилеп

Заврши 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

10.06.2022 11:06

Со врачување на наградите на најдобрите и со претстава во нивна чест, публиката и сцените во Прилеп се збогуваа со 56. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Лауреат е претставата на МНТ „Народен непријател“. Театарот е жилав, ама треба да го има сето внимание на општеството...

Ансамблот на МНТ ја понесе статуетката на Војдан Чернодрински, патронот на најпрестижниот национален театарски фестивал. Најдобрите театарски остварувања ги добија признанијата и аплаузите на фестивалската публика. Заврши 56. издание на „Војдан Чернодрински“. Театарот уште еднаш се потврдува како уметност на мигот кога уметниците ги создаваат врвните креации.

Фестивалот донесе 8 претстави на професионалните театри. И во најтешкиот период – пандемијата, театарот ја покажа виталноста, но потребна му е општествената поддршка. Од публиката ја има.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ останува да ги одмерува продукцијата и квалитетот на создадената уметност на македонските театри.

Елизабета Митреска