Конференција „Професијата како личен идентитет“

12.04.2014 13:13

Професијата како личен идентитет “ e насловот на конференцијата што денеска ќе се одржи во меѓународното училиште НОВА.

Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје - Камен Мост, кој и понатаму продолжува со активностите за поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им да ги остварат своите потенцијали.

Целта на конференцијата е цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет.

На конференцијата ќе бидат одржани говори и дискусии на повеќе теми како архитектура и градежништво, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука. Најавено е обраќање на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

Минатата година 139 средношколци од повеќе од 14 училишта го посетија настанот кои го оценија како успешен и многу корисен.