Заклучоци од проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“
На младите им требаат поголеми вештини кои ќе можат на вистински начин да ги пренесат кај својот иден работодавец, се дел од заклучоците на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“. Невработените не треба да се потпираат само на Агенцијата за вработување, но потребни се инвентивни мерки за вработување како и планирани програми за образование...

24 годишната Ана Марија Стаменкоска работи како образовен асистент, откако речиси две години бараше активно работа. Пресудно за моето работно место вели беше вистинската биографија за мене, но и описот на моите вештини и квалификации на самото интервју пред да ме вработат.
Стаменкоска е една од стотиците млади лица кои успеаја да најдат работа преку проектот Зајакнување на млади преку нови можности. Во него млади невработени лица ги подобруваа своите лични вештини, учеа како да се однесуваат на работното место и како да се најде соодветна работа и да се аплицира за неа. Потпирање само на Агенцијата за вработување, ретко дава добар исход.
Истражувањето на Институтот за развој на заедниците, покажува дека образованието сè уште не е приспособена на потребите на пазарот на трудот. Затоа и младите во потрага по подобра заработувачка заминуваат во странство.
Состојбата посочува Коцевски може да се подобри само со нови инвентивни мерки за вработување за млади лица и планирани програми за образование, каде ќе преовладуваат стручните смерови.
Зоран Димовски
