Македонија

Мицкоски: Пресудата за „Талир 2“ е политичка

10.06.2022 15:11

Пресудата за „Талир 2“ е политичка – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Смета дека со одземање на имотот на партијата, без притоа да се сослуша и нејзин претставник, се повредува уставно загарантираното право на сопственост. Трите барања на Петков се порадикални од тие на Каракачанов, не знам дали има некој нормален што ќе го прифати ова, изјави опозицискиот лидер...

Поради своето лошо владеење ја дефокусираат јавноста преку судски процеси и политички прогон како што е случајот „Талир2“. Објавата на оваа пресуда наликуваше на политички процес во режија на СДСМ, ДУИ, обвинителите и судиите, рече на прес конференцијата претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски. Според Мицковски, Кривичниот суд надвор од негови надлежности поништил договор кој ВМРО-ДПМНЕ го склучила со правното лице АД „Бетон“ Скопје, при што го конфискувал исклучиво делот кој е сопственост на партијата.

Одговорајќи на новинарско прашање за трите барања на бугарскиот премиер Кирил Петков Мицковски рече дека се ултранационалистички, додавајќи дека после неговата изјава не знае зошто воопшто преговараме. Според него, ова е обид на Петков да ја одржи како таква коалицијата во Бугарија со „Ултра радикален национализам“.

Тој ги повика граѓаните на 18-ти јуни да им се придружат на протестот против власта поради како што рече лошата економска политика и упорноста да остане на власт до 2024 година.

Фиљана Кока