Украина: Се интезивираат уличните борби во Северодоњецк
Интензивни улични борби во клучниот источен град Северодоњецк . Се стравува дека ќе резултираат со голем број жртви и од двете страни, Киев ги одби првичните руски инвазивни сили, но мирот во главниот град е нарушен. Градоначалникот на Мариупол побара воспоставување бегалски коридор. Бајден изјави дека неговиот украински колега, Зеленски, не ги слушал предупредувањата дека Русија планира инвазија...

Интензивни улични борби во клучниот источен град Северодоњецк . Се стравува дека ќе резултираат со голем број жртви и од двете страни. Британското Министерство за одбрана тврди дека руските сили не напредувале кон југот на градот. Претседателот Зеленски, вели дека способноста на неговата армија да ги задржи руските сили во Донбас зависи од снабдувањето со оружје од западот.
„Во Донбас продолжуваат многу жестоки борби. Секој ден ги повторувам овие имиња: Северодоњецк, Лисичанск, Бахмут, Славјанск и многу, многу други. Русија сака да уништи го секој град во Донбас. Сите овие урнатини во некогаш среќните градови, црни траги од пожари, кратери од експлозии – ова е сè што Русија може да им даде на своите соседи, Европа и светот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Киев ги одби првичните руски инвазивни сили, но мирот во главниот град е нарушен.
„Кога играме одбојка и ја слушаме сирената, навистина ме плаши да размислувам за тоа дека можеби некои бомби може, можеби се на небото“.
„Луѓето некако ги игнорираат сирените и сите вакви работи затоа што се навикнаа на тоа, претпоставувам, и тоа е најлошиот дел“.
Градоначалникот на Мариупол побара воспоставување бегалски коридор, за да си заминат преостанатите жители на градот откако во градот избила колера и дизентерија.
Украина тврди дека руските трупи подготвуваат нова офанзива во Славјанск.
„Непријателот ги концентрира напорите на војниците за офанзива против Славјанск. Се обидува да стекне основа на северозападната периферија на Бохородихне“, изјави Олександр Штупун Генералштаб за вооружените сили на Украина.
Претседателот на САД, Бајден изјави дека неговиот украински колега, Зеленски, не ги слушал предупредувањата дека Русија планира инвазија. Се осврна на инфлацијата како глобален предизвик, кој беше предизвикан прво од пандемијата, а потоа и од руската инвазија на Украина.
„Никогаш не сме виделе нешто слично, како нападите на Путин врз храната и врз гасот. Треба да разберете дека нашата економија има силни страни на кои можеме да се надоврземе. Пазарот на труд е најсилен од Втората светска војна, и покрај инфлацијата“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Русија, пак, го предупреди НАТО дека ќе следува пропорционален одговор поради зголемувањето на трупите во Полска. Засега, нема договор за украинското жито.
Франција е подготвена да работи на деблокада на пристаништето во Одеса.
Марина Ристова
