Македонија

Поплавен дел од патот Градско - Прилеп

11.06.2022 14:57

Повеќе од седум часа затворен патот Росоман - Прилеп поради одрон од големите наноси на вода од обилните врнежи. Се работи на расчистување на делницата . Како алтернативен се користи патот преку Богомила...

Поројните дождови со наноси ја поплавија делницата, или како што ја нарекуваат изведувачите девијација и фреквентниот пат Градско - Прилеп е во прекин повеќе од осум часа.

Екипите на компанијата „Синохидро“ која ги изведува градежните работи на експресниот пат со механизацијата интензивно расчистуваат за да се воспостави сообраќајот. Возилата и камионите чекаат со часови.

Од јавното претпријатие за државни патишта велат дека попладнево ќе се воспостави сообраќајот. Со прекинот е отсечен југозападниот дел од државава.

 

 Елизабета Митреска