Свет
Австралија и Франција се смирија, договор за откажаните подморници
11.06.2022 17:19
Австралија ќе и плати отштета на Франција од 555 милиони евра поради поништувањето на договорот за подморниците. Надмината кризата во односите со Париз...

Австралија се согласи да и плати отштета на Франција од 550 милиони евра откако претходната влада го поништи договорот за купување подморници, што предизвика голема криза во односите меѓу двете земји.
Со тоа се става крај на спорот околу откажаниот проект вреден десетици милијарди долари.
Новата лабуристичка влада даде поддршка за безбедносниот пакт „Аукус“, што Австралија го создаде во септември минатата година со САД и Велика Британија, кои ѝ ветија осум подморници на нуклеарен погон и соработка на други напредни технологии.
