Македонија

Отворен поплавениот пат Градско-Прилеп

11.06.2022 17:33

По десетина часа прекин, отворен е за сообраќај патот Градско-Прилеп. Поплавите од поројните дождови и наносите го направија прекинот и со часови интензивно се работеше на оспособување на патот кај Фаришката клисура...

Отворен е за сообраќај патот Градско-Прилеп кој десетина часа беше блокиран. Поројните дождови со наноси ја поплавија делницата, или како што ја нарекуваат изведувачите девијацијата кај Фаришката клисура. Поплавите го прекинаа сообраќајот на фреквентниот пат и направија големи проблеми во транспортот.

Екипите на компанијата „Синохидро“ која ги изведува градежните работи на експресниот пат, со механизацијата интензивно расчистуваа за да се воспостави сообраќајот. Возилата и камионите чекаа со часови.

Поплавената привремена девијација дополнително ќе се расчистува. Со прекинот, остана отсечен југозападниот дел од државава и речиси целиот транспорт во овој регион.

 

Елизабета Митреска