НБА

Голден Стејт израмни против Бостон во НБА финалето

11.06.2022 21:01

Предводени од Стеф Кари, кошаркарите на Голден Стејт израмнија на 2:2 во финалето во НБА лигата против Бостон, откако славеа во Ти-Ди Гарден со 107:97...

Предводени од Стеф Кари, кошаркарите на Голден Стејт израмнија на 2:2 во финалето во НБА лигата против Бостон, откако славеа во Ти-Ди Гарден со 107:97.

Селтикс одиграа одлично во првото полувреме, но потоа го загубија здивот, но и немаа контрола над расположениот Стеф Кари, кој мечот го заврши со 43 поени ,10 скокови и 4 асистенции.

Со ова тој стана третиот играч во историјата на финалињата во НБА лигата, кои имаат најмалку 34 години, а постигнале повеќе од 40 поени во финалната серија. Претходно тоа им успеа на Мајкл Џордан и на Леброн Џејмс.

Покрај Кари за Вориорс, во ритам беа и Вигинс со 17 поени и 16 скокови, Томпсон постигна 18 поени. Кај поразените, Тејтум се издвои со 23 поени.