Македонија

Заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан

12.06.2022 09:43

Во во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан, одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургијаВо во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија...

Во во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан, денеска одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија, по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во неа се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според агендата предвидена е тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.