Македонија

Крушево: Прекугранична соработка, пример за „Отворен Балкан“

12.06.2022 10:38

Крушево интензивно го реализира проектот за прекугранична соработка со Елбасан од Албанија за развојот на туризмот, вреден преку 700 000 евра. Светски познатото полетувалиште на Мечкин камен, ќе се обновува. Сезоната со домашни и меѓународни натпревари почнува од понеделник, а градот веќе ги привлече европските параглајдеристи. За двата града е успешна приказна и пример за иницијативата „Отворен Балкан“...

Нови туристички можности, зацврстување на реномето-светска дестинација за алтернативен туризам. Крушево забрзано го реализира проектот за развој на туризмот со прекуграничната соработка со Елбасан од Албанија. Со над 700.000 евра европски пари двете општини ги градат туристичките можности и почнуваат поголема соработка и велат, даваат пример за иницијативата „Отворен Балкан“.

„Ова во суштина е и прв чекор во иницијативата на заедничка соработка и на економски културен, спортски план. Ова е Отворен Балкан“, рече Арту Гуни, заменик-градоначалник на Елбасан, Албанија.

Полетувалиштето на Мечкин Камен е меѓу трите светски дестинации. Параглајдеристите веќе пристигнаа.

„Дојдовме со група други параглајдеристи од Норвешка. Уживаме овде, во моментот времето се расчистува за да имаме долги летови“.

„Првпат сум во Крушево. Доаѓам од Норвешка. Дојдов да уживам во ова убаво место. Условите се одлични“.

Државата ќе им помогне на сите општини кои развиваат проекти со пари од европските фондови.

Веќе од понеделник, во Крушево започнуваат натпреварувањата во параглајдерство. Ќе има пет меѓународни, Светски куп за параглајдерство и подготвителен за светското првенство догодина во змејарство.

Елизабета Митреска