Струмичките домати остануваат без пласман во Украина
Конвојот на солидарноста од Турција кон Украина ќе ги остави македонските домати без пласман. Извозниците потврдуваат дека за македонската краставица, домат и корнишон ќе нема место за пласман во Украина, а алтернативни пазари тешко се наоѓаат. Струмичкиот домат веќе се продава по 20 денари за кило...

Меѓународниот договор за солидарност помеѓу Турција и Украина го стопираше извозот на струмичките домати и краставици. Извозникот и откупувач, Блажо Витанов, по консултацијата со украинската амбасада во земјава, потврди дека Турција без надоместок на Украина ќе им транспортира, домат, краставица и корнишони, со тоа македонските производи остануваат неконкурентни. За овие струмички производи Украина беше најголемиот извозно ориентиран пазар кој прифаќаше дури 70 отсто.
Ако се споредува македонскиот извоз, со извозот на домати од земјите од регионот, Македонија е четврти најголем извоз на домати. Лидер е Албанија која лани имала извоз на домати, што ја прави 24 најголем извозник на домати во светот.
И покрај субвенциите за домати кои земјоделците ги добиваат од буџетот во изминативе десетина години, производството на домати за струмичани е сè помало, во споредба со пред 10 години. Минатата година, доматот бил трет најизвезуван зеленчук од земјава, после зелката и пиперките.
Доматот во моментов на пазарот се нуди од 20 до 25 денари за килограм, а рекордно ниска е цената на краставицата, која изнесува само 10 денари за предаден килограм
Стојне Митева
