Свет

Финска: Отфрлени барањата за екстрадиција од Турција

12.06.2022 11:13

Турција, барањата за екстрадиција ги достави до Финска од 2019-та до 2022-ра година. Турција, меѓу другото, бара екстрадиција од Финска, на човек осуден за палење на амбасадата во Хелсинки...

Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации.

Турција, барањата за екстрадиција ги достави до Финска од 2019-та до 2022-ра година. Турција, меѓу другото, бара екстрадиција од Финска, на човек осуден за палење на амбасадата во Хелсинки.

Анкара засега го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО, затоа што смета дека двете земји ги поддржуваат и им даваат засолниште на луѓе што Турција ги бара.