Македонија избира претседател
Петти претседателски избори на коишто граѓаните одлучуваат кој ќе го добие петгодишниот мандат за првата функција во државата. Право на глас имаат 1 .779 572 гласачи од нив 1707 228 се на единствениот избирачки список за Македонија.

За првпат на овие избори и дијаспората ќе одлучува во изборот на шефот на државата. пријавените 8332 лица ќе можат правото на глас да го остварат на 34 избирачки места во ДКП во трите избоорни единици за Европа Америка и Австралија.
Најмногу пријавени во изборната седумка - за европа 5892 .за америка 1426 и за австралија 1014.
Вкупната бројка на граѓани што има пријавен престој подолг од три месеци во странство изнесува 70305 - 61 973 или оние што не се пријавиле во ДКП-та ќе бидат на посебниот избирачки список .за нив преостанува само можноста да гласаат во Македонија.
Правото на глас веќе го остварија 294 членови на избиралките одбори коишто ќе го следат гласањето во трите изборни единици за дијаспората.
Со новата изборна регулатива бројот на гласачите на едно избирачко место се ограничува на 1000. Затоа се отвораат нови 505 избирачки места или сега граѓаните ќе можат да гласаат на вкупно 3527 избирачки места.
Од овие избори „уве“ лампата и спрејот заминуваат во историјата. На нивно место доаѓа маркерот - ова е уште едно од новите правила . Синото мастило со трајност од 24 часа треба да ги превенира обидите за двојно гласање. За да имате право да заокружите некој од 4-те претседателски кандидати на гласачкото ливче потребно е да сте полнолетни и да имате биометриска исправа.
За да биде избран шефот на државата во првиот круг еден од кандидатите треба да освои 50% плус еден глас од вкупното гласачко тело. Доколку таков нема ,тогаш во вториот круг одат двајца прворангирани кандидати. Петгодишниот мандат ќе го добие оној што ќе освои повеќе гласови но одзивот на изборниот ден мора да е над 40 % .
Виолета Димовска
