Свет

САД: Протести против насилството со огнено оружје

12.06.2022 11:32

Илјадници демонстранти ширум САД повикаа на протести за ограничување на поседувањето оружје и намалување на насилството по масакрот во мај ,во основно училиште во Тексас...

Илјадници демонстранти ширум САД повикаа на протести за ограничување на поседувањето оружје и намалување на насилството по масакрот во мај, во основно училиште во Тексас.

Група која се залага за безбедност на оружјето, основана од ученици кои го преживеаја масакрот во средното училиште во Паркленд, Флорида, во 2018-та година, соопшти дека за вчера биле планирани повеќе од 450 протести низ САД, вклучително и собири во Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго.