Хемиската фабрика „Азот“ под контролира на украинската војска
Жестоки борби на североистокот во Украина. Војската ја контролира хемиската фабрика-скривница на цивили. Руските медиуми објавија, во гранатирањето на индустриски комплекс истекол тон нафта...

Жестоки борби во Северодоњецк. Украинската војска ја контролира хемиската фабрика „Азот“ во која се кријат стотици цивили. Другата страна напаѓа. Многумина, ситуацијата ја поистоветуваат со Мариупол и тамошната фабрика „Азовстал“.
„Има украински националисти од таа страна, украински фашисти, и мислам дека да бев на нивно место, ќе се предадев. Бидејќи во последните три-четири месеци имаше многу примери кога ја постигнувавме нашата цел во секој случај. Ќе ја ослободиме индустриската област и Севјеродоњецк. Лисичанск во секој случај ќе биде наш“, изјави Леонид Пашечник, шеф на Народна Република Луганск.
Украинските сили со недели даваа отпор во Мариупол, војувајќи во индустрискиот комплекс „Азовстал“.
„Непријателот продолжува со гранатирање на позициите на одбранбените сили во пограничните региони во насока Харков, ситуацијата се промени за да ги потисне одбранбените сили, непријателот систематски ги гранатира позициите на нашите дивизии“, изјави Олександар Штупун, портпарол на вооружените сили на Украина.
Според руските медиуми во гранатирањето истекол еден тон нафта, а во соседната провинција Доњецк бил забележан облак од чад по експлозија во градот Авдивк, во којшто се наоѓа уште една хемиска фабрика. Во меѓувреме, во Керсон се делат руски пасоши. Локалните власти тврдат дека илјадници луѓе секојдневно аплицираат за руско државјанство.
„Среќен сум, ова е историски момент во мојот живот. Тоа не е само моја среќа, мислам дека има многу луѓе, овде, во Украина, кои исто така го чекаа овој момент“,
„Им честитам на сите кои станаа граѓани на огромната и праведна земја. Ова е уште еден доказ дека Русија нема да оди никаде. Остануваме тука засекогаш“, порача Евгениј Балицкиј, шеф на проруската привремена администрација на регионот Запорожје.
Претседателот Зеленски не се откажува од намерата неговата земја да стане дел од ЕУ.
„Ние сме заедно со Европската унија, во ист тим и овој тим мора да победи. Сигурен сум дека наскоро ќе добиеме одговор за кандидатскиот статус за Украина. Убеден сум дека оваа одлука не само што може да ја зајакне нашата држава, туку и целата Европска унија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Комисијата на Обединетите нации стигна во Украина за да истражува воени злосторства. На земјата е најавена и нова посета на германскиот канцелар Шолц, Францускиот претседател Макрон и на италијанскиот премиер Драги.
Марина Ристова
