Во Велес младите учат да свират на македонски народни инструменти
Заврши првата генерација на ученици во музичкото училиште во Велес, кои учеа да свират на класични македонски народни инструменти, кавал, гајда, тапан, тамбура. Има кој да ја продолжи традицијата на познатите велешки на музичари на народна музика...

Традицијата на свирење на старите народни инструменти во Велес продолжува. Откако оваа учебна година за прв пат беше воведен предмет класични македонски народни инструменти, во Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес, првата генерација завршува со учебната година.
Прва година учеа и завршија пет ученици, тие свират на гајда, кавал, тамбура, тапан. Тоа се ученици на возраст од 8 до 14 години.
Велешката традиција на чалгијата сега ќе има кој да ја продолжи. Има наследници кои ќе продолжат да свират на велешки веселби.
ОУ „Стефан Гајдов“ е најстаро основно музичко училиште во Македонија. Лани одбележа јубилеј 75 години постоење. Настава посетуваат 200 ученици.
Петар Печков
