Формула 1

Проблемите на Ферари ги користи Ред Бул

12.06.2022 20:22

Еден-два победа на болидите на Ред Бул на трката за големата награда на Азербејџан, што се возеше по улиците на Баку. Иако стартуваше од третата позиција, до петтиот сезонски триумф стигна актуелниот шампион Макс Верстапен, со голема предност пред својот клупски колега Серхио Перез...

Еден-два победа на болидите на Ред Бул на трката за големата награда на Азербејџан, што се возеше по улиците на Баку. Иако стартуваше од третата позиција, до петтиот сезонски триумф стигна актуелниот шампион Макс Верстапен, со голема предност пред својот клупски колега Серхио Перез. Обајцата ги искористија проблемите на возачите на Ферари, кои не ја завршија трката. Леклер, по стартот од полпозицијата се откажа во 21 круг поради проблеми со моторот, додека Сајнц, по само 8 круга по проблемот со сопирачките.

Тоа им одеше во прилог и на возачите на Мерцедес, па Расел заврши на пиедесталот како трет, додека Хамилтон финишира четврти. Со 5-от триумф во осмата сезонска трка, Ферстапен ја зголеми предноста во генералниот поредок, сега со 21 поен пред својот клупски колега Перез, кој забележа најбрз круг на трката, додека Леклер, сега е трет со 116 поени. Следната трка е по седум дена за големата награда на Канада.