Франција

Тесно водство на коалицијата на Макрон

13.06.2022 09:20

Центристите на францускиот претседател се на добар пат да останат водечка политичка сила во Парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на Парламентарните избори...

По првиот круг од парламентарните избори во Франција, коалицијата на претседателот Макрон е во тесна трка со новиот лев блок Нупес.

Центристите на францускиот претседател се на добар пат да останат водечка политичка сила во Парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на Парламентарните избори.

Центристичката коалиција на Макрон би можела да освои меѓу 275 и 310 места. Центристите на Макрон и Левичарскиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 насто од гласовите, а на третото место со 18,9 насто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен.