Билатерални средби

Ковачевски на средба со Ердоган во Истанбул

13.06.2022 10:04

Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета.

Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.