Собрание
Ребалансот пред собраниската Комисија за финансирање и буџет
13.06.2022 10:41
Собраниската комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, денеска ја почнува расправата по ребалансот на Буџетот...

Почнува расправата за ребалансот на Буџетот. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари.
Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година. Власта најавува дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи.
Економскиот раст е проектиран на 3,2. Стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти. Во ребалансот на буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки, таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.
