Коалицијата на Макрон во тесна трка со новиот лев блок „НУПЕС“
По првиот круг од Парламентарните избори во Франција, коалицијата на претседателот Макрон е во тесна трка со новиот лев блок „НУПЕС“. Центристите на францускиот претседател се на добар пат да останат водечка политичка сила во парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на Парламентарните избори. Центристичката коалиција на Макрон би можела да освои меѓу 275 и 310 места. Центристите на Макрон и левичарскиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 насто од гласовите, а на третото место со 18,9 насто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен...

Откако Емануел Макрон беше реизбран за претседател против екстремната десничарка Марин на Ле Пен, политичкиот пејзаж на Франција се промени.
Коалицијата на Макрон „Заедно“, изгледа многу послаба отколку во 2017 година, кога доминираше во првиот круг, а потоа го освои и владејачко мнозинство. Овој пат, нејзиниот удел во гласовите со 25,75 проценти, беше речиси ист со коалицијата на левицата „НУПЕС“ 25,66 проценти, само 21.000 гласачки ливчиња ги делат двете, според официјалните резултати. Националниот фронт е треба политичка сила и се надева на пратеничка група.
За претседателот Емануел Макрон ова е горчлива победа, која ја оспорува коалицијата на социјалистите, зелените, комунистите и бунтовна Франција-„НУПЕС“. Мено таа тврди дека министерството за внатрешни работи не ги дава точните бројки од добиените гласови, за да ја стави владејачката коалиција „Заедно“. Во водство. Но разликата е околу 20.000 гласови и двете коалиции се изедначени, со предност за Макрон, кој може да се надева на мнозинство во парламентот.
Но тоа ќе биде горчлива победа што ќе го стави на милост и немилост на сојузниците од Модем и Хоризон, кои имаат побарувачки и се нетрпеливи бидејќи знаат дека се неопходни.
„Убеден сум дека бев слушнат од милиони луѓе кои до сега не можеа ниту да замислат дека во вториот круг ќе треба да одлучуваат“, изјави Жан Лук Меланшон.
Имено левицата се надева дека може да добие мнозинство во парламентот идната недела.
Марин Ле Пен се надева да создаде пратеничка група и таа е скоро сигурно дека ќе биде повторно пратеник.
„Од вас барам уште еден мал напор за в недела да се потврди добриот резултат“, изјави Марин Ле Пен.
Премиерката Елизабет Борн и владејачката коалиција со не многу јасен став околу насоките за гласање, каде се соочуваат кандидати на крајната десница и левичарската коалиција „НУПЕС“, заборавајќи дека Макрон беше избран со гласовите на левицата.
„Наспроти ситуацијата во светот и војната на вратата на Европа, не можеме да ризикуваме на нестабилност и нејасност. Наспроти екстремната десница ние носиме проект на кохеренција, јасност и одговорност“, изјави Елизабет Борн.
Рекордната апстиненција на законодавните избори е знак на загрижувачко демократско незадоволство, кое може да се претвори во револт на улиците.
Тони Гламчевски
