Германска поддршка на Македонија за почеток на преговорите
По посетата на канцеларот Шолц викендов, продолжува големата поддршка на земјава за почеток на преговорите со Унијата од германска страна. Прогнози дека јуни или октомври Македонија и Албанија треба да ги почнат процесите...

По посетата на канцеларот Шолц продолжуваат решителните тонови на високите преставници на германските власти за голема поддршка на земјава за почеток на преговорите со Унијата. Германската амбасадорка Анке Холштајн посочува дека јасен е ставот на Берлин за заинтересираноста за позитивен исход на Советот веќе во јуни.
Потпретседателката на заедничкиот Парламентарен комитет на делегацијата на Европската Унија во земјава, Марион Валсман која е и пратеничка во Европарламентот, потенцира дека јуни или најдоцна октомври земјава и Република Албанија треба да ги почнат процесите.
Минатата сабота германскиот канцелар од Скопје настапи со оптимизам и уверување дека Македонија ги исполнила сите услови и нема што повеќе да се чека за претпристапните преговори. Тој замина за Софија каде направи обид да придонесе за излез од ситуацијата во македонско – бугарските односи.
Фиљана Кока
