Штип

Премиера на „Власт“ во штипскиот театар

13.06.2022 15:18

Народниот театар во Штип утре премиерно ќе ја изведе комедијата „Власт“ на Бранислав Нушиќ. Фокусот е на однесувањето на луѓето кога се во ситуација да се блиски на носителите на функции. Иако пишувана пред повеќе од осумдесет години, делото е актуелно и одлично се вклопува во сегашноста...

По повеќе од една деценија комедија на Бранислав Нушиќ повторно ќе се игра на сцената на штипскиот театар.

„Власт“ е последното и недовршено дело на Нушиќ, што според режисерот Ѓорѓи Ризески нуди посебен предизвик да се прикаже однесувањето на оние кои се блиски до луѓето на власт. Дај му на човека власт за да го видиш каков е и уште повеќе да ги видиш какви се тие околу него.

Ова е трета премиера на штипскиот театар годинава, до крајот на годината се планираат уште две. Штипскиот театар родолжува со трендот на ангажирање невработени актери, кои во овој театарски продукт ги има четворица.

Славица Величковска