Градинка „Мајски цвет“

Падна таван во градинка во Карпош - Јакимовски се сомнева во квалитетот на градбата

13.06.2022 15:54

Наместо со деца, занимални во градинката „Мајски цвет“ во скопски Карпош се наполнија со делови од таван. Градоначалникот Јакимовски изрази сомнеж во квалитетот на градбата. Ќе се разгледува проектната документација...

Наместо со деца, две занимални во градинката Мајски цвет во скопски Карпош полни со делови од таванот – гипскартон, стакло од неонки. Ваква слика утрово затекнале воспитувачките кога стигнале на работа. Освен директорката, веднаш бил известен и градоначалникот Јакимовски, кој изрази сомнеж во квалитетот на градбата.

Ќе се разгледува проектната документација. Околу 50 кавдаратни метри таван се уништени.

По проценка на штетата ќе започне санација.

Во оваа занимална секој ден престојуваат околу 25 деца на возраст од 5 до 6 години. Објектот е пуштен во употреба во декември 2018 година. Дали поројниот дожд или пропусти при изградбата на објектот се причина за паѓање на таванот допрва ќе се утврдува.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност за инцидентот.

Наташа Ј. Менковски