ЕУ има незавршена работа на Балканот
Шведскиот Министер за надворешни работи Карл Билд, не очекува Грција како иден претседавач со Унијата од јануари 2014-та да се залага за отворање на преговори со Македонија. Билд изјави дека Европската Унија има незавршена работа на Западниот Балкан и дека интеграцијата на Македонија во Унијата не оди онолку брзо како што тој посакува.

Македонија не треба да очекува датум за преговори на престојниот самит на Европската Унија во декември, ниту поддршка од Грција како иден претседавач во првата половина од 2014-та, изјави шведскиот Министер за надворешни работи Карл Билд во Вашингтон. На прашањето од Македонската телевизија кога Унијата мисли да ја заврши незавршената работа со интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата, Билд одговори:
- Балканот се движи напред. Речиси сите земји се во процес на интеграција, освен исклучок е Босна. и Македонија е исклучок од други причини. Не би бил песимист за Балканот. можеби се движи побавно од она што ние го посакуваме. Секако побавно од она што јас го посакувам, но се движи,
Нема поместување во спорот со името, истакна шефот за планирање на политиката на германското министерство за надворешни работи, Томас Багер.
За Македонија немам што да додадам. Би сакале работите да се движат напред и тоа беше причината за средбата на Нимиц со Меркел, но нема направено специфичен прогрес на теренот што би ме ставил во позиција да кажам дека тоа е реален проспект за време на грчкото претседателство.
Се уште е неизвесно и кога Србија ќе добие датум за преговори со Европската Унија, и дали и Босна и Херцеговина ќе ја започне евроинтеграцијата.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон