Свет

Топлотен бран во Шпанија, прогласена портокалова фаза

13.06.2022 16:45

Шпанија го доживува најраниот топлотен бран во последните 40 години. 32 шпански провинции се во состојба на готовност поради екстремно високи температури до 43 степени. Во многу делови од земјата е прогласена портокалова фаза...

Шпанија го доживува најраниот топлотен бран во последните 40 години. 32 шпански провинции се во состојба на готовност поради екстремно високи температури до 43 степени. Во многу делови од земјата е прогласена портокалова фаза.

„Ужасно е, живеам овде 22 години и денес е ужасно топло“, рече жител на Шпанија.

„Сфаќаме дека глобалното затоплување станува се позабележливо“.

И, поголемиот дел од Франција оваа недела ќе биде зафатен од топлотен бран со температура до 40 целзиусови степени. Според метеоролозите, топлотниот бран доаѓа од Португалија.