Свет

Шумски пожари беснеат во САД

13.06.2022 16:46

Евакуации се во тек во делови од Северна Аризона, откако шумски пожар зафати 5.000 хектари шума. Загрозени се домови во близина на Лос Анџелес и северно до Сан Диего...

Големи шумски пожари беснеат во САД.

Евакуации се во тек во делови од Северна Аризона, откако шумски пожар зафати 5.000 хектари шума. Загрозени се домови во близина на Лос Анџелес и северно до Сан Диего.

Над 500 луѓе се евакуирани поради опасност од ширење на пламените јазици.

Првично се чинеше дека нема потреба од евакуација, но поради брзиот ветер обезбедивме евакуација на три блока. Приближно 500 жители се евакуирани“, изјави Џенифер Атенза, службеник за информации од јавен карактер.

Феникс, Лас Вегас, Денвер и Долината на смртта во Калифорнија забележаа рекордни температури од 38 до 46 целзиусови степени.