Свет

Германија воведе гранични контроли поради Самитот на Г-7

13.06.2022 16:57

Поради безбедно одржување на Самитот на Г-7 од 26-ти до 28-ми јуни, во дворецот Елмау на Баварските Алпи, Германија воведува привремена гранични контроли. Безбедносните проверки ќе се вршат на копнените, воздушните и поморските премини...

Поради безбедно одржување на Самитот на Г-7 од 26-ти до 28-ми јуни, во дворецот Елмау на Баварските Алпи, Германија воведува привремена гранични контроли.

Безбедносните проверки ќе се вршат на копнените, воздушните и поморските премини до 3-ти јули.

На Самитот, лидерите на седумте најразвиени земји ќе разговараат за војната во Украина и енергетската и прехранбената криза.