Кина

Пекинг тестира милиони поради заразени со коронавирус во бар

13.06.2022 17:15

Пекинг тестира милиони луѓе поради неколкумина заразени со коронавирус во бар, познат по евтин алкохол. Масовно тестирање се спроведува и во поголемиот дел од Шангај, откако минатата недела беа пријавени три локални инфекции...

Пекинг тестира милиони луѓе поради неколкумина заразени со коронавирус во бар, познат по евтин алкохол. Масовно тестирање се спроведува и во поголемиот дел од Шангај, откако минатата недела беа пријавени три локални инфекции меѓу работниците во салон за убавина.

Бидејќи во заедницата има повеќе од 2.000 жители, имавме 2 до 3 точки за тестирање. Со помош на волонтери сакаме да го завршиме скринингот што е можно поскоро, па додадовме уште едно место, вкупно 4 места за проверка“, изјави раководителот за тестирање во станбена област.

Во областите каде што не се пријавени позитивни случаи продолжува олеснувањето на ограничувањата.