Руски суд ја казни Википедија за „ширење дезинформации“
Московскиот суд ја казни Википедија со 88.000 американски долари, затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“...

Московскиот суд ја казни Википедија со 88.000 американски долари, затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.
Википедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската инвазија на Украина.
„Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации“, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува „Скај њуз“.
Википедија, најстариот и најголем проект на Викимедиа, е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.
