Бугарија:

Петков: Мафијата не може да оди против цела држава

13.06.2022 21:47

Неколкумина пратеници си заминаа од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“, откако беше напуштена владината коалиција поради прашањето со Македонија и повлечени министрите од оваа партија. Од „Има таков народ“ со став – пратениците што си заминаа се купени со пари и прават предавство, а премиерот Петков да оди на детектор за лаги. Петков информира, загрозените политичари ќе добијат заштита...

Турбуленциите на бугарската политичка сцена не запираат. Неколкумина пратеници си заминаа од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“, откако беше напуштена владината коалиција поради прашањето со Македонија и повлечени министрите од оваа партија. Од „Има таков народ“ со став – пратениците што си заминаа се купени со пари и прават предавство, а премиерот Петков да оди на детектор за лаги.

Ако не ги направиме потезите што ги игравме во последните неколку денови, државата е пред банкрот, а бугарската историја е пред предавање. Го поканувам премиерот Петков, да се појави на детектор за лаги и да одговори, дали неговиот ракопис е на белешка што ја има Балабанов во врска со ветото за преговорите за членство на Македонија во европската унија. Да се види кој е предавникот и како изгледаат предавниците

Одметнатите пратеници пак тврдат, Македонија не е вистинската причина за излегување од коалицијата, туку несогласувањата околу обезбедување на средства за да бидат украдени од компаниите, која доведе до хистерија и повлекување на министрите од страна на Трифонов. И тие на иста линија со премиерот Петков – тврдат мафијата влезе во партијата на Трифонов. Петков информира дека загрозените политичари ќе добијат заштита и порача – мафијата не може да оди против цела држава, а промените продолжуваат.

Изгледа дека мафијата направила огромна грешка. Тие веруваа дека држат слободни луѓе. Денеска стана јасно дека се работи за погрешна координација на мафијата. Очигледно има храбри луѓе кои можат да ги бранат своите интереси“, изјави Петков.

Политичките партии да не ги ставаат несогласувањата пред државните и национални интереси, порака на претседателот Радев. Апелираше да не ја забораваат својата одговорност и ветувања за справување со инфлацијата, социјалната и економска криза.

Марија Котовска

 

 

 

 

 

  •