Евроинтеграции

Маричиќ ја продолжува агендата во Брисел

14.06.2022 09:55

Вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ ја продолжува агендата во Брисел. Ќе присуствува на брифингот на работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан, на кој ќе информира за напредокот на земјава во реформите во насока на подготовка за почеток на преговорите за членство во Европската Унијата...

Вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ ја продолжува агендата во Брисел. Ќе присуствува на брифингот на работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан, на кој ќе информира за напредокот на земјава во реформите во насока на подготовка за почеток на преговорите за членство во Европската Унијата.

Маричиќ ќе има средби со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со координаторот на Европската комисија за Македонија, Марк Јорна.

Се очекува македонскиот вицепремиер за евроинтеграции да ја потенцира важноста за натамошен поинтензивен ангажман и посветеност на Европската Унија за Западен Балкан, со што ќе се потврди стратешко партнерство на Македонија со Унијата.