Потрагата по црната кутија од Боингот ќе трае долго време
Се уште трае потрагата по исчезнатиот малезиски авион во Индискиот Океан.

Експертските тимови се обидуваат да соберат што е можно повеќе сигнали од Индискиот океан за кои се претпоставува дека се од црната кутија на Боингот 777. Австралискиот премиер Тони Абот предупреди дека не треба да се буди надежта бидејќи не треба да се потценуваат тешкотиите што претстојат.
„Обидот да се лоцира нешто што е на длабочина од 4 ипол километри под површината на океанот и илјадници километри од копно е огромна задача. Тоа најверојатно ќе трае многу долго време“, изјави Тони Абот, премиер на Австралија
Во меѓувреме во јавноста постојано излегуваат нови теории поврзани со исчезнатото летало. Според последната наводно копилотот се обидел да телефонира по промената на курсот на авионот. Но во интерес на истрагата не се објавени повеќе детали.
